Connect with us

Фудбал

Њукасл се бори за опстанок, а најскапото засилување на клубот најавува освојување на Лигата на шампионите

Бразилскиот фудбалер Бруно Гимараеш неодамна премина во редовите на Њукасл.

Тој е само едно во низата засилувања на „страчките“ кои сакаат да останат во Премиершип, а после тоа имаат големи амбиции, што го откри и самиот Гимараеш кој е купен од Лион за цели 40 милиони евра.

„Проектот на Њукасл е повеќе од интересен. Идејата е да останеме во Премиер лигата оваа сезона, но во иднина главната цел е да играме во Лигата на шампионите и не само тоа, туку и да ја освоиме“, изјави оптимистичкиот Бразилец.

Покрај Гимараеш, Њукасл го донесе Крис Вуд, напаѓачот на Барнли оваа зима, потоа десниот бек Киеран Трипие од Атлетико Мадрид, а донесен е и Ден Бурн од Брајтон.

На овие засилувања култниот англиски клуб потроши над 100 милиони евра и се верува дека ова е само почеток на големи инвестиции на богатите Саудијци кои го презедоа клубот пред неколку месеци.

Њукасл моментално е претпоследен на табелата со 19 бодови, а кон средината на оваа недела ќе му гостува на Евертон.