Connect with us

Фудбал

Њукасл спреми понуда за голманот на ПСЖ

И покрај тоа што беше доста добар оваа сезона на голот на ПСЖ, Алфонс Ареола наскоро може да го напушти паркот на принцовите.

Се чини дека челниците на ПСЖ бараат попрофитабилна “единица”, така што тие се подготвени да го продадат 25-годишниот голман Ареола, и секако дека има заинтересирани.

Според француските медиуми, Њукасл е меѓу нај заинтересираните за Арелоа, и наводно веќе подготвија понуда за францускиот голман.

Њукасл, се подготвени да одвојат 20 милиони евра за Ареола, чиј договор со ПСЖ важи уште една година.