Connect with us

Фудбал

Њукасл во рацете на шеиците, првата ѕвезда доаѓа од Барселона?!

Мајкл Ешли конечно се реши да го продаде Њукасл. Се уште не е готово се, но веројатно од следната сезона сопственици ќе бидат богатите шеици. Веќе се зборува дека Саудијците, кои ќе бидат нови газди, ќе се обидат да донесат големо тренерско име, а се спомнуваат Маурисио Покетино, Масимилиано Алегри, Рафа Бенитез…

Првото засилување би требало да стигне од Барселона. Иако за него е заинтересиран Антонио Конте, кој подолго време го кани во Интер, сепак Артуро Видал би можел да заврши во Њукасл. Во англискиот клуб се надеваат дека 20 милиони евра би биле доволни да го откупат Чилеанецот.

Артуро Видал подолго време се спомнува како еден од фудбалерите кои ќе го напуштат „Камп Ноу“ по завршувањето на сезоната.