Connect with us

Фудбал

Обамејанг: Дембеле треба да остане во Барса

Пјер – Емерик Обамејанг, асот на Барселона, уште еднаш го покани својот клубски пријател Усман Дембеле да го продолжи договорот со Каталонците.

Тие двајца работат одлично кога се заедно на теренот. На натпреварот против Леванте, Обамејанг постигна израмнувачки гол по додавањето од Дембеле. На крајот Барса победи со 3:2.

Обамејанг и Дембеле се познаваат уште од времето кога двајцата играа за Борусија Дортмунд.

„Дембеле треба да остане во Барселона. Мислам дека тоа е најдоброто решение за него и за клубот “, рече Обамејанг.

На Французинот во неколку наврати му било понудено продолжување на договорот, но тој не се согласил на тоа. Од доаѓањето на Чави, тој се наметна во првиот тим на Барселона. На последните седум натпревари во Примера постигна гол и дури девет асистенции.