Connect with us

Фудбал

Обамејанг и Лемина позитивни на коронавирус пред почетокот на Африканскиот куп на нации

Фудбалските репрезентативци на Габон, Пјер-Емерик Обамејанг и Марио Лемина се позитивни на корона вирусот, откако беше направен тест за корона, објави денеска АФП.

Тренерот на Габон, Патрис Неве, за АФП изјави дека играчите биле подложени на ПЦР тест и ги чекале резултатите, како и дека се во изолација во хотелот, без никакви симптоми. Обамејанг игра за Арсенал, а минатиот месец беше казнет поради одземање на капитенската лента поради кршење на дисциплината, додека Лемина е играч на Ница.

Габон ќе игра на претстојниот африкански куп на нации во групата Ц против Коморите, Гана и Мароко.

Првиот натпревар го играме на 10 јануари против Коморските Острови.

Африканскиот куп на нации се одржува од 9 јануари до 6 февруари во Камерун.