Connect with us

Фудбал

Обамејанг официјално стана играч на Арсенал

Пјер-Емерик Обамејанг од денеска и официјално е нов фудбалер на Арсенал. Трансферот што беше најавен одамна, доби официјална потврда, а ќе биде запаметен како најголем во историјата на Арсенал.

„Топчиите“ за Обамејанг на Борусија Дортмунд и платија 63,7 милиони евра, а повеќе финансиски детали за договорот со Габонецот во моментов не се познати.

Досега клупскиот рекорден трансфер го држеше Александр Лаказет со 46,5 милиони фунти.

Обамејанг се смета за еден од најдобрите напаѓачи во светот. За Борусија постигна 172 гола во 213 натпревари на сите натпреварувања.