Connect with us

Фудбал

Обамејанг се сели на Емирати, проблемите на Арсенал се завршени!?

Габонскиот репрезентативец од редовите на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг е блиску до трансферот во Арсенал вреден 68 милиони евра пренесуваат англиските медиуми со што ќе биде најскапиот играч на Емирати.

Првата понуда од „топџиите“ беше 58 милиони но Борусија побара 10 милиони повеќе што беше прифатено. Ова значи дека Жиру ќе мора да замине од клубот и тоа најверојатно во редовите на градскиот ривал Челзи.

Обамејанг за пет сезони на Вестфален постигна 141 гол и во Арсенал ќе го замени Алексис Санчез кој се пресели во Манчестер Јунајтед.