Connect with us

Фудбал

Обид за кражба на Кутињо во 5 до 12: Реал со вртоглава понуда за плејмејкерот и Ливерпул

Реал Мадрид се обидел во последен момент да го украде Филипе Кутињо од Барселона.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека „Кралевите“ им понудиле на Кутињо и Ливерпул повеќе од Барса, но Бразилецот ја одбил таа понуда.

Имено, познато е дека плејмејкерот од Енфилд се сели на Ноу Камп за 160 милиони евра.

Кога веќе се било договорено, според пишувањето на шпанскиот медиум, Реал излетал со понуда од вртоглави 200 милиони евра нудејќи поголема плата за Кутињо од таа што ќе ја зима во Браселона.

Фудбалерот сепак ја одбил понудата истакнувајќи дека после Ливерпул може да оди само во Барселона.