Connect with us

Други спортови

Објавени кандидатите за најдобри атлетичари

Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) ги соопшти имињата на кандидатите за најдобри атлетичари и атлетичарки во 2018 година. Најголеми кандидати за најдобар атлетичар на годината се Американецот Крис Комен, кој е светски шампион во сала и рекордер на 60 метри, Швеѓанецот Арманд Дуплантис, европски шампион во скок со стап, како и Кениецот Елијуд  Кипчоге, светскиот рекордер во маратон.

Кај дамите, кандисатки за највисок пласман се Британката Дина Ашер Смит, која е европска шампионка на 100, 200 и 4х100 метри, Кенијката Беатрис Чепкоеч, светска рекордерка на 3.000 метри, како и Колумбијката Катарина Ибаргуен ,непоразената на осум финалиња во троскок.