Фудбал
Објавени платите на играчите на Барселона, чиј долг надмина 1 милијарда евра
Екипата на Барселона е во огромни долгови, но и покрај тоа што долгот ја надмина бројката од една милијарда евра, клубот и натаму функционира без поголеми проблеми. Претседателот Жоан Лапорта прави се за да го стабилизира клубот. Засега му оди многу добро и успеа се да подигне на нивото од пред неколку години кога Барса беше меѓу главните играчи на фудбалскиот пазар.

Сепак, ништо од ова немаше да биде можно доколку играчите не се согласеа на огромни намалувања на платите за време на пандемијата. Клубот се договорил со нив парите од кои се откажале да им ги исплатат на рати, а некои се договориле и трајно да им ги намалат платите во договорите.
Најплатен фудбалер на каталонскиот клуб е Холанѓанецот Френки де Јонг. Неговата бруто плата е нешто повеќе од 29 милиони евра, а потоа следуваат Серхио Бускетс (22 милиони) и Жорди Алба (20,8 милиони).
Новопечениот Роберт Левандовски одлучи да прифати огромно намалување на платата од онаа што ја имаше во Баерн, само за да го облече дресот на Барселона. Неговата плата изнесуваше 19 милиони евра бруто. Петти на листата е Миралем Пјаниќ.