Connect with us

Фудбал

Објавено видео од целосно „уништениот“ Конор Мек Грегор

Конор Мек Грегор е многу попознат во изминатите неколку години по она што го прави надвор од арените за боречки вештини.

Ирската ММА ѕвезда не е ни блиску до борец кој некогаш имал два шампионски појаси на УФЦ, бидејќи решил да се посвети на бизнисот и на други работи надвор од борбата.

Мек Грегор во минатото постојано објавуваше снимки од тренинг. Тој најавува големо враќање и поход до појасот на УФЦ и тврди дека оставил сè лошо зад себе.

Неодамна најави и дека нема да пие ниту капка алкохол додека е во тренажен процес, но тоа ветување изгледа кратко траеше.

Мек Грегор објави, а потоа ја избриша снимката на која е целосно „уништен“.

Дали испил уште неколку чаши или користел некои други супстанци, проценете сами.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FIGHT HUB (@fightclub)

Ирецот има 22-6 во својата ММА кариера, а последната победа ја забележа пред две години.