Connect with us

Фудбал

Од Јувентус потврдуваат: Игуаин останува во Милан, потребен им е

Спортскиот директор на Јувентус Фабио Паратичи потврди дека аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин и следната полу сезона ќе го носи дресот на екипата од Милан.

Игуаин беше испратен во Милан на едногодишна позајмица како дел од трансферот на Леонардо Бонучи во Јувентус, а оваа зима се шпекулираше за неговото преминување во редовите на Челзи.

„Плавите“ на „Стемфорд Бриџ“ мака мачат со напаѓачите. Менаџерот Маурицио Сари не е задоволен од придонесот на Французинот Оливие Жиру, но и од Шпанецот Алваро Мората, па побара од раководството на клубот да го донесат Игуаин со кој претходно соработуваа во Наполи.

Меѓутоа, од Јувентус, кој е сопственик на договорот на аргентинскиот напаѓач, потврдиа дека од заминувањето на Игуаин во Премиер Лигара нема да бите ништо.

„Без оглед на се, тој се уште е еден од најдобрите напаѓачи на светот. Тоа го докажа во претходниве години каде постигнуваше голови каде ќе стигнеше. Што се однесува за неговата иднина, сметам дека е важен играч за Милан. Тој е одличен напаѓач, сакаат да го задржат во своите редови и тоа така и ќе биде. Навистина добро го познавам Гонзало. Едноставен човек е, но навистина страстен. Има голем ентузијазам во секоја ситуација, а на секој играч може да му се случи да не постигне гол на четири или пет натпревари во низа“, рече спортскиот директор на Јувентус Фабио Паратичи.

Игуаин зад себе има навистина тежок период. Девет натпревари не постигнал гол, но претходниот викенд постигна одличен гол во победата на „Росониерите“ над СПАЛ.

Аргентинскиот напаѓач оваа сезона постигна шест голови, а настапи на 15 натпревари во Серија А.