Connect with us

Фудбал

Од сите играчи на Јунајтед, Кристијано Роналдо пие кафе само со еден

Кристијано Роналдо е најголемата ѕвезда во соблекувалната на Манчестер Јунајтед.

Со пристигнувањето на „Олд Трафорд“, дел од играчите на „црвените ѓаволи“ добија можност да играат со својот спортски пример, особено помладите играчи.

Во последните недели многу се шпекулира за статусот на Роналдо во соблекувалната на Јунајтед и евентуалниот бунт на некои фудбалери поради најпопуларниот спортист на светот.

Интересно е што Роналдо пред натпреварите пие кафе само со еден фудбалер, неговиот сонародник Диого Далот.

„Пред натпреварот, додека се уште сме во хотелот, секогаш пијам кафе со Кристијано. Тој ме навлече на кафе бидејќи претходно не бев голем фан“, изјави Далот.

„Поминуваме многу време во хотелот, а потоа одиме во собите да разговараме“, додала 22-годишиот фудбалер.

Далот лани беше на позајмица во Милан, додека оваа сезона игра редовно со 20 настапи во сите натпреварувања, но не забележа ниту асистенција, ниту гол.