Connect with us

Фудбал

Одбиена тужбата против Кристијано Роналдо за силување

Во 2019 година, американскиот суд одлучи да не го гони Роналдо во кривична постапка поради недостаток на докази.

Американскиот суд ја отфрли граѓанската тужба против португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо за силување, поднесена од поранешна американска манекенка, се вели во судската одлука со која се консултираше АФП.

Судот во Невада го отфрли случајот во петокот поради наводни прекршувања од страна на адвокатката на обвинителот Кетрин Мајорг. Таа ја обвини фудбалската ѕвезда дека ја силувал во 2009 година во хотел во Лас Вегас.