Connect with us

Фудбал

Одиграл само пет мечеви во Серие А, но во Јувентус е недопирлив?!

Матијас Де Лихт минатото лето пристигна во Торино за сума од 85 милиони евра, но според пишувањето на италијанските медиуми тој е недопорлив во поглед на одбранбените играчи. Таа „титула“ му припаѓа на Мерих Демирал. Турчинот пристигна од Сасуоло за речиси пет пати помала сума, но според пишувањето на Фабрицио Романо, „детето“ на Фенербахче ќе остане во Јувентус долги години.

Италијанскиот новинар навестува дека сите понуди за него ќе бидат одбиени, бидејќи „бјанконерите“ во него гледаат потенцијал, но поради повредите не го покажал како што треба.

Турчинот забележа едвај пет мечеви во Серие А оваа сезона. Сепак, имаше повреда на лигаментите и неговото опоравување се очекува во средината на месец јули.