Connect with us

Фудбал

Одлука на судот, стадионот на Партизан е во сопственост на Министерството за одбрана

Судскиот спор околу стадионот на Партизан кој трае една деценија повторно со иста одлука. Со одлука на судот, стадионот е во сопственост на Министерството за одбрана на Србија.

Потврдено е од потпретседателот на Партизан, Владимир Вулетиќ, но исто така најави и нова жалба на црно-белите.

Судскиот спор започна во 2006 година, а првото решение дојде седум години подоцна. Партизан потоа поднесе жалба до Апелацискиот суд, а Вулетиќ истакнува дека клубот од Хумска ја има целата потребна документација за да докаже дека го поседува стадионот.