Connect with us

Фудбал

Одлуката падна: Френк Лампард го презема Евертон

Англискиот стручњак Френк Лампард најверојатно ќе стане нов менаџер на Евертон.

„Карамелите“ неодамна се разделија со Рафа Бенитез, а тимот против Астон Вила го предводеше Данкан Фергусо, кој заедно со Руни, Витор Переира и Лампард беше кандидат за наследник на Шпанецот на жешката клупа.

Лампард така ќе ја добие работата по една година, кој во јануари минатата година го напушти Челзи од јули 2019 година го водеше тимот на 84 натпревари, на кои оствари 44 победи, 17 нерешени и 23 порази.

Договорот треба да биде официјализиран наскоро, а Лампард би требало да дебитира на клупата на Евертон на 8 февруари кога неговиот нов тим ќе игра против Њукасл.