Connect with us

Фудбал

„Одмаздата ми е во главата од 2018 година“

Мохамед Салах вечерва ќе има шанса да му се одмазди на Реал Мадрид за се што се случи во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година.

„Кралевите“ во финалето кое се одигра во Киев ги совладаа „црвените“ со 3-1, а Салах лошо го памети овој меч. Тој по половина час ја напушти играта поради повреда на рамото што ја доби на дуелот со Серхио Рамос.

Многумина веруваа дека Рамос намерно ја држел раката на големиот Египќанец за да го повреди. Сепак, тешко е да се поверува дека тоа е навистина точно, но Салах не го заборава финалето во Киев.

Подготвен е за одмазда, но не онаа која сите ја посакуваат.

„Одмаздата е во мојата глава од 2018 година. Сепак, ова не се лоши мисли. Реал е Реал – тие се неверојатен тим“, изјави Салах за „БТ Спорт“ пред финалето.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, исто така зборуваше за одмаздата за поразот во 2018 година.

„Тој ден изгубивме и тој рано се повреди. Сега е во многу добра форма и секој играч има различна мотивација. Тоа не му е единствената мотивација, но ние не сме го заборавиле тој натпревар. Многумина забораваат дека Кариус имаше потрес на мозокот на тој натпревар“.

Финалето на Лигата на шампионите се игра вечерва од 21 часот.