Фудбал
Одобрена продажбата на Челзи, парите ќе легнат на замрзната сметка
Конзорциумот предводен од американскиот милијардер Тод Боели ќе добие одобрение од британските власти да го купи фудбалскиот клуб Челзи, очекувано, во рок од 24 часа.
Според Скај, британските власти добиле правни гаранции дека сопственикот на Челзи Роман Абрамович нема да има корист од продажбата на клубот, што значи дека можат да одобрат зделка вредна 4,25 милијарди фунти.
Приходите од продажбата ќе одат на замрзната сметка контролирана од британската влада. Освен во Велика Британија, Абрамовиќ беше санкциониран од Европската унија, а бидејќи има португалски пасош, продажбата ја одобрија португалските власти.
Абрамович по 19 години повеќе нема да биде сопственик на Челзи. Челзи во тој период освои 21 трофеј, од кои пет титули во Премиер лигата и две ЛШ.
Абрамович мораше да го продаде клубот поради наводните врски со рускиот претседател Владимир Путин во екот на воената интервенција во Украина. Неколку дена по почетокот на војната, на 24 февруари, Абрамович го објави клубот на продажба.
Тој беше дел од делегацијата која учествуваше на мировните преговори меѓу Русија и Украина. Британската влада воведе санкции против него на 10 март, но на Челзи му даде посебна работна дозвола, која истекува на 31 мај. Американскиот милијардер Тод Боели е сопственик на бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс, а има акции и во Лејкерс и Спаркс.
The UK Government is set to approve a Chelsea takeover "in the next 24 hours" 👀#CFC https://t.co/FckPJWjYI1
— football.london (@Football_LDN) May 23, 2022