Connect with us

Фудбал

Одредени термините за куп пресметката Вардар – Шкупи

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија на денешниот состанок донесе одлука за термините на одигрување на натпреварите од 1/8 финалето во Купот на Македонија меѓу Вардар и Шкупи.

Првиот дуел на кој Вардар ќе биде домаќин ќе се игра на 29 ноември со почеток во 13 часот.

Реваншот на кој домаќин ќе бидат чаирчани е закажан за 17 декември исто така со почеток во 13 часот.