Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Интер има нов соопственик, Кинезите не го исплатија долгот!

Новиот шампион на Италија, екипата на Интер има нов соспственик. Тоа е инвестицискиот фонд ОАКТРЕЕ. Кинезите не го испочитуваа договорот и не го исплатија долгот, односно кредитот во висина 395 милиони евра, со што Интер сега е во рацете на ОАКТРЕЕ. Наскоро се очекува екипата да добие и нов Управен одбор, а творецот на успесите на екипата Бепе Марота се очекува да ја има главната улога во формирањето на новиот управен одбор, но и да има поголема улога во носењето на одлуките.

Во соопштението до јавноста, ОАКТРЕЕ вели дека ја почитува традицијата на Интер, навивачите, неговата улога во светски рамки, но и улогата како клуб во градот Милано, поради тоа ќе настојува екипата да има финансиска стабилност и да продолжи со успесите, односно освојувањето на трофеите. Воедно се очекува во наредните дваесетина дена да се комплетира раководството на тимот, со што би можеле и официјално да започнат подготовките за следната сезона, пред се трансферите.