Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Компани тренер на Баерн Минхен

 Баерн Минхен потврди дека Винсент Компани е нов тренер. 38-годишниот фудбалски стратег се договори со германскиот гигант  до 30 јуни 2027 година. Поранешниот белгиски репрезентативец неодамна го водеше англискиот премиерлигаш Барнли со кого испадна од Премиер лигата.

-Со нетрпение го очекувам предизвикот. Голема чест е да се биде во можност да се работи за овој клуб. Баерн е институција во меѓународниот фудбал. Како тренер, треба да се залагате за она што сте како лик: сакам да ја поседувам топката, да бидам креативен – но мора да бидеме и агресивни и храбри на теренот, вели Компани во својата прва изјава како тренер на Баерн Минхен.