Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Нема поздравување во Премиер лигата

Пред неколку дена се појави информацијата дека тренерот на Њукасл, Стив Брус, поради епидемијата на коронавирус, забрани на своите играчи да се ракуваат, а сега тој „тренд“ се пресели на целата Премиер лига.

Официјално е потврдено дека на фубалерите им се забранува да се поздравуваат пред мечевите, токму поради коронавирусот.

Новиот вирус пристигна и во Велика Британија, а според досегашните информации има 115 заразени, а едно лице веќе починало.