Connect with us

Фудбал

Огромната загуба во казиното му ги отвори очите: „Не сакав некој од оние кои не го користат мозокот“

Никлас Бендтнер своевремено важеше за најголемиот талент на данскиот фудбал.

Данскиот напаѓач беше апсолутен хит меѓу навивачите ширум светот. Често беше исмејуван, но имаше солидна кариера.

За него се слушна во Бирмингем каде играше како позајмен од Арсенал, а во кариерата играше и за Сандерленд, Јувентус, Волфсбург, Нотингем Форест, Розенборг и Копенхаген.

Неговата кариера можеше да биде уште поголема доколку немаше бројни пороци кои го спречија на патот кон понатамошен напредок.

Никлас некое време бил зависник од коцкање. Казиното беше нешто во кое тој поминуваше време за опоравување од повредите.

Поранешниот дански фудбалер ги опиша своите искуства со губењето големи бројки.

„Имав многу повреди и поради тоа не можев да го најдам адреналинот што ми требаше, чувството кога трчаш пред 60.000 луѓе. Ништо не се споредува со тоа. Тој адреналин го почувствував само кога отидов во казино“, рече Бендтнер за Би-Би-Си и додаде:

„Колку повеќе играте, толку е поголем адреналинот. Еднаш изгубив 400.000 фунти, но успеав да ги вратам до крајот на ноќта. Излегов со загуба од „само“ 20.000 фунти“.

После тоа се чувствуваше мизерно.

„Тоа беше ужасна ситуација. Се вратив во хотелот, па си отидов дома, размислував за тоа и решив да завршам да се залажувам. Не сакав да бидам уште еден фудбалер кој ги изгубил сите пари бидејќи не знае како да го користи неговиот мозок“, рече Бендтнер.

Иако имаше солидна кариера, Бендтнер повеќе ќе остане запаметен по разните глупости кои ги правеше надвор од теренот и по титулата лошото момче на данскиот фудбал.