Connect with us

Кошарка

Оклахома го испрати Кармело Ентони во Атланта

Раководството на Оклахома Сити успеа да заштеди над 60 милиони долари во даноци и надоместоци откако го испрати крилото Кармело Ентони во Атланта.

Покрај него, Атланта ќе добие и пик во првиот круг на драфтот во 2022 година, со право на избор на играч од 1 до 14 место. Во замена, „громовите“ ќе го добијат германскиот плејмејкер Денис Шредер.

Во договорот помеѓу двата тима е вклучен и тимот на Филаделфија 76-ерс, кои ќе го добијат од Атланта центарот Мајк Мускала, а во замена ќе го испратат францускиот бек Тимоте Луваву-Кабаро во Оклахома и крилото Џастин Андерсон во Атланта.

Ентони, кој е 10-кратен учесник во Ол Стар натпреварите и најдобар стрелец за 2013 година, ќе биде ослободен од Атланта набргу откако зделката ќе биде финализирана и ќе може да побара нов тим, кон кој ќе се придружи. Според медиумите во САД, Хјустон Рокетс покажал најсериозен интерес за него.