Connect with us

Кошарка

Оклахома се врати од 12 поени негатива во последната четвртина

Кошаркарите на Оклахома одиграа уште еден возбудлив меч во НБА лигата и славеа против Јута со 100-94.

Џезерите водеа во еден момент дури со 17 поени разлика но не успеаја и да забележат победа.

Вестбрук стигна до седмиот трипл-дабл сезонава, откако зад неговото име стоеја 34 поени, 14 асистенции и 13 скока.

Резултати: Торонто – Феникс 126:113, Оклахома – Јута 100:94, Портланд – Вашингтон 92:106.