Connect with us

Фудбал

Олмо го менува клубот во јануари?

Дани Олмо би можел да го напушти РБ Лајпциг во јануари.

Имено, тоа го тврди новинарот на Билд, Кристијан Фалк.

Тој наведува дека Барселона не се откажала од доведување на Олмо, и дека планираат да го позајмат во вториот дел од сезоната, а потоа да го откупат неговиот договор.

Барселона не е единствениот клуб кој го следи големиот Шпанец.

Во игра се и англиските ривали Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.

Дани Олмо е дете на Барселона. Играше за младинските селекции на овој клуб во периодот од 2007 до 2014 година, кога замина во Динамо Загреб.

Одењето во Хрватска се покажа како вистински потег. Во дресот на Динамо, Олмо експлодираше и замина во РБ Лајпциг минатата година.

23-годишниот фудбалер и претходно беше поврзуван со Барселона. Сепак, тој реши да оди чекор по чекор, но сега може да се врати во старото стадо.