Connect with us

Фудбал

Она што Интер го бара од Барселона навистина е неверојатно

Каталонците со сите сили се обидуваат да го ангажираат Лаутаро Мартинез од Интер бидејќи е нивна голема желба. Но, во моментов Барселона е во економски пробеми и на италијанскиот тим не може да му понудат 111 милиони евра, колку што стои во клаузулата.

Интер е подготвен да се откаже од Лаутаро, но се има своја цена. Меѓутоа она што го побарале „Нероаѕурите“ од Барселона е неверојатно.

Како што пишува каталонскиот „Спорт“, Интер барал 90 милиони од Барселона во пари, плус играчот за врска Артуро Видал, но и Антоан Гризман на едногодишна позајмица.

Со овие големи барања на Интер, вистинско чудо е доколку Барселона прифати.