Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Она што Ракитиќ го доживеа синоќа во Барселона ќе го памети цел живот

Фудбалерите на Барселона синоќа на домашен терен ја победија Севиља со 1:0 во натпреварот од 30.коло на Ла Лига.

Барселона успеа да дојде до втората позиција на табелата што е најдобар показател какви промени направи Чави по преземањето на тренерската позиција на каталонскиот клуб.

Блауграна синоќа успеа да победи со 1:0, а решавачкиот момент се случи во 72. минута кога уште еден неверојатен гол постигна одличниот Педри, кој реши уште едно дерби и им донесе три бода на Каталонците.

Сепак, по натпреварот во центарот на вниманието беше Иван Ракитиќ, кој за прв пат се врати на „Камп Ноу“ каде што мина шест одлични сезони во дресот на Барселона.

Колку навивачите на Барса ценат се што хрватскиот играч за врска даде за Барселона се покажа најдобро по натпреварот. Ракитиќ доби аплаузи од целиот стадион, а потоа отиде да ги поздрави тие најжестоките навивачи.

На еден од нив му го подари дресот, а потоа скоро гол го напушти стадионот бидејќи на крајот ги соблече шорцевите, а во соблекувалната отиде само во боксерки и копачки.

Ретко кој поранешен играч на Барселона добива ваков пречек на „Камп Ноу“, но ова е само показател дека Ракитиќ оставил навистина длабока трага во овој тим и дека навивачите на каталонскиот клуб знаат да го ценат тоа.