Connect with us

Фудбал

Ориги е речиси готов, Милан се сврте кон играчот на Реал Мадрид

Милан е многу блиску до првото засилување во своите редови, а тоа е белгискиот напаѓач Дивок Ориги.

По доведувањето на белгискиот напаѓач, раководството на Милан ќе го сврти вниманието кон следната цел на пазарот, а тоа е Марко Асенсио, офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид.

Според Corrierre dello Sport, Ливерпул веќе ја дал првата понуда за Марко Асенсио вредна 30 милиони евра, но Реал Мадрид одбил.

Преговорите ќе продолжат и во наредниот период, а челниците на Милан се надеваат дека нивните колеги во Мадрид ќе попуштат во барањата за обештетување и ќе им го дадат Асенсио за цифра помала од 50 милиони евра.

Италијанците своите надежи ги темелат на фактот дека Марко Асенсио има уште една година договор со Реал Мадрид и не е еден од стартерите во тимот на Карло Анчелоти.

Така Реал Мадрид би можел да се „ослободи“ од скапо платен фудбалер, кој тренерот не го користи ни толку често и да добие значителна сума за играч кој би го загубил бесплатно за само една година.

Уште еден играч кој може да го напушти Реал Мадрид ова лето е српскиот напаѓач Лука Јовиќ, кој доби мала шанса од Карло Анчелоти.

Како и Марко Асенсио, така и Лука Јовиќ може да дојде во Серија А каде што го посакува Фиорентина.