Connect with us

Фудбал

Осум часа траел состанокот, еве што е одлучено за продолжување на сезоната во Шпанија

Состојбата во Шпанија со пандемијата од коронавирусот, оди на подобро, барем така велат извештаите. Од месец јуни повторно би можеле на теренот да ги гледаме најдобрите фудбалери од ова првенство. За плановите за продолжување на сезоната разговарале претседателката на Советот за спорт Ирене Лозано, претседателот на Фудбалскиот сојуз Луис Рубиалес и шефот на Ла Лига Хавиер Тебас.

Состанокот траел цели осум часа, а по него изразена била заедничка желба лигата на се продолжи.

-Договорот е постигнат. Им благодариме на Ла Лига и Сојузот на љубезноста и желбата да се постигне согласност за да можеме да се вратиме на фудбалот, соопштено е од Советот за спорт на Шпанија.

Продолжението на сезоната би можело да се случи кон крајот на мај или почетокот на јуни. Играчите би биле три пати тестирани на коронавирус. Навивачи на трибините нема да има.