Connect with us

Фудбал

Осум фудбалери на англиски тим имаат Ковид-19

Осум играчи на Вест Хем има лесни симптоми на Ковид-19, болест предизвиката од коронавирусот, информираше клупската потпретседателка Карен Брејди. Брејди вели дека сите засега се чувствуваат добро.

-Сепак, доволно е едно ракување, еднаш да се накашлаат било код од нас, за да се прошири. Така што сите мора да бидеме внимателни, вели таа.

Таа воедно откри кога би можело да продолжи сезоната.

-Кога клубовите последен пат расправаа за ова беше договорено сезоната да продолжи што поскоро ќе се создатат услови. Ако тоа биде потребно лигата да биде завршена, ќе се игра и во јули, вели таа.