Connect with us

Фудбал

Освои ЕП со Шпанија, а работи за „мали“ пари, дури 15 селектори имаат поголема плата од него!

Шпанија сосема заслужено го освои Европското првенство во фудбал, а најмногу заслуги има селекторот Луис де ла Фуенте, кој фантастично успеа да ги вклопи талентираните фудбалери во хармоничен тим. Тој не беше особено познат фудбалер, ниту претерано се истакнуваше во тренерскиот свет, но за една деценија работа во помладите категории на шпанската репрезентација покажа квалитет и му се веруваше да го води „А“ тимот, па уште еднаш се покажа дека ако има систем – ќе дојдат и награди.

Луис де ла Фуенте дури сега, по освојувањето на Европското првенство, го чекаат заслужените пофалби, но и неизбежно зголемување на платата, бидејќи – верувале или не – беше еден од најслабо платените селектори. Поточно, според некои информации, дури селектори биле подобро платени од него.

Неговата годишна плата беше 600.000 евра, додека претседателот на Федерацијата најави дека веднаш по финалето ќе разговара со Луис де ла Фуенте за да му понуди многу повеќе пари. Наводно новите услови се трипати подобри од досега, па тој ќе заработи 1,8 милиони долари, со повеликодушни бонуси кои не се објавени, но многу е можно тие да се и милионски  во случај на нови големи резултати.

Да потсетиме, најплатен селектор на ЕП во Германија беше финалистот Герет Саутгејт (околу шест милиони евра), а по него следуваа Јулијан Нагелсман (4,8), Роберто Мартинез (4), Дидие Дешам (3,8), Роналд Куман ( 3), Лучијано Спалети (3). Поголема плата од Луис де ла Фуенте има и селекторот на Србија Драган Стојковиќ Пикси, за кој се шпекулира дека добива од 1 до 1,4 милиони евра годишно.