Connect with us

Други спортови

Освоија злато, а немаат хокеј арена

Македонската репрезентација во хокеј на мраз испишаа нова историја, откако со убедлива победа од 9-3 ја совладаа селекцијата на Португалија и го освоија првото место на „Девелопмент турнирот“, кој се играше во Фисен, Германија.

Ова натпреварување е неофицијално Светско првенство за земји кои немаат затворена хокеј арена. Нашите репрезентатици на турнирот во Германија одиграа пет натпревари и забележаа исто толку победи, со што сосема заслужено го освоија првото место.

Победа беше најавена уште на самиот старт и водството од 3:0 по првата третина, кое на крајот од втората изнесуваше високи 7:1. Нашите хокеари имаа и 8:1, за на крајот да слават рутинска победа од 9:3.

Интересно е и тоа што македонската реепрезентација на ова натпреварување замина со броени пари и по некоој сендвич за на крајот да се вратат со златниот медал. Ова на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук го откри претседателот на Хокеј федерацијата на Македонија, Никола Тасев.

-Со 5 победи во 5 натпревари докажавме дека хокејот не е мал и непросперитетен спорт во Македонија, напротив, има иднина ама нема услови.  Десет години се мачевме со претходната власт да се убедуваме дека хокеј арена е неопходна за развој на 5 зимски олимписки спортови. Не успеавме. Речиси две години од оваа влада исто така абер нема да се направи нешто на ова поле. Во ред е да имаме 5 монтажни лизгалишта низ цела држава, но сакаме хокеј арена

Хокеј арената не чини повеќе од еден лав или ограда на мост, не чини повеќе ниту од сумата исплатена на три компании блиски до Владата од Фондот за Иновации на жими мајка. Кога гледам како на глупости се трошат народни пари ми доаѓа да врискам се погласно секој ден: САКАМЕ ХОКЕЈ АРЕНА!!!

Голема благодарност до хокејарите, до стручниот штаб, до пријателите на хокејот….овој успех е заеднички. Отидовме во Германија на првенство со броени пари, за пат, за спиење и по некој сендвич, се вративме златни со пехар, со покажување на пркос дека можеме да успееме и кога немаме услови и кога никој не верува во нас, напиша претседателот Тасев на својот фејсбуј профил.