Connect with us

Фудбал

Откако Куртоа беше понижен, Атлетико направи нешто што Белгиецот никогаш не треба да го заборави

Тибо Куртоа моментално е најомразениот фудбалер на навивачите на Атлетико.

Одличниот чувар на мрежата три сезони го носеше дресот на Атлетико, собра повеќе од 100 настапи, поради што доби посебна чест во „Алејата на легендите“.

По освојувањето на Лигата на шампионите, Куртоа изјави дека конечно е на вистинската страна на историјата и на тој начин испровоцира многу приврзаници на Јоргнаџиите.

Некои од навивачите на Атлетико отидоа дотаму што искорнаа плочата пред стадионот „Ванда Метрополитано“, која е наменета на белгискиот голман.

Откако му ја искорнаа плочата, Атлетико веднаш реагираше и го повлече потегот кој Куртоа сигурно ќе го памети цел живот.

Имено, од Јоргнаџиите веднаш направиле нова плоча, која била експресна и поставена на местото каде што била извадена.

Дефинитивно потег кој Куртоа ќе мора да знае да го цени и почитува исто како што го ценат и почитуваат во Атлетико иако брани за Реал.

Коке, поранешен соиграч на Куртоа и актуелен капитен на Атлетико, исто така коментираше за се што се случуваше во последните денови.

„Лично со него имам добри односи. Бевме цимери. Од моја гледна точка, мислам дека не беше во право. Мора да имаш меморија за да знаеш од каде доаѓаш. Мислам дека не беше во право, но тоа се негови зборови и треба да ги почитувате. Но, нормално е навивачите на Атлетико да се лутат во таа смисла поради неговите зборови“, рече Коке.