Connect with us

Фудбал

„Откако се појавиа шпекулациите, Буфон беше сигурен дека Роналдо ќе оди во Јуве“

Џанлуиџи Буфон после долги 17 години го напушти Јувентус и ова лето како слободен играч го засили ПСЖ.

Набрзо потоа Јувентус доби големо засилување затоа што успеа да го донеси Роналдо во своите редови, а сега менаџерот на Буфон Силвано Мартина откри дека 40-годишниот голман занел дека Португалецот ќе дојде во Торино, но ни тоа не го натера да се предомисли и да остане барем уште малку на голот на „Старата дама“

„Не можеше да го предвиде тоа во април, но кога се појавија вестите за доаѓањето на Роналдо, тој беше сигурен дека Јувентус навистина ќе го донесе“, истакна Мартина за „RCM Sport“, па додаде:

„Го сакаше дресот кој го носеше, Џанлуиџи го живееше својот живот полн со емоции и се надевам дека не ќе мора да игра против Јувентус, тоа би било преголема болка за него… Дали би се вратил во Јувентус? Не знам, но не верувам дека ПСЖ би го пуштил некогаш“.

„Сепак, тоа е само мое лично мислење. Никогаш за тоа не се разговараше“ додаде Марина.