Фудбал
Откако Шакира го остави, Пике во нова, уште поголем криза
Како што веќе беше познато пред неколку недели, Пике потврди дека повеќе не е во врска со познатата пејачка Шакира и дека раскинале по 12 години врска. Пике и Шакира имаат два сина заедно, а наводно се се распаднало откако дознала дека играчот на Барселона ја изневерил со друга жена.
Искусниот играч е во голема криза по раскинувањето бидејќи се бори да ја спречи Шакира да ги однесе децата во Мајами и се надева дека ќе остане во Барселона за да може редовно да ги гледа. Сепак, тоа не е единствениот проблем со кој се соочи Пике. Тој оваа недела со Барселона ги започна подготовките за новата сезона, но и таму не беше дочекан со многу добри вести.
Имено, Чави му објасни на Пике дека нема да биде во преден план во новата сезона и дека најверојатно ќе биде резервна опција. Неговото место во тимот ќе го заземе Андреас Кристенсен, кој ќе игра покрај Роналдо Араухо.
Покрај проблемите во клубот, Пике има проблеми и во бизнисот. Шпанската полиција го истражува случајот на соработка помеѓу компанијата на Пике и Ла Лига во врска со одлуката шпанскиот Суперкуп да се игра во Саудиска Арабија и истражува дали Пике незаконски добил повеќе пари од очекуваното.
Се на се, ова е секако најтешкиот период во животот на Пике, а се некако му се „склопи“ за само неколку недели.