Фудбал
Отказ му „виси“ над главата на Чави, две имиња веќе во игра за негов наследник
Откако Барселона втора сезона по ред испадна од групната фаза во Лигата на шампионите, на тренерот на Каталонците, Чави Ернандез му се заканува отказ, иако има тригодишен договор.
Чави потроши 160 милиони евра на летни засилувања, иако клубот е длабоко во долгови.
Токму поради тоа медиумите шпекулираат дека Чави би можел да добие отказ и дека Луис Енрике, актуелниот селектор на Шпанија и поранешен тренер на Барселона, би можел да го наследи. Енрике ја водеше Барселона од 2014 до 2017 година и со нив освои девет трофеи, но поради лошите резултати и перформанси го напушти клубот и беше доста омразен од навивачите. Енрике сигурно нема да конкурира за оваа работа додека не заврши Светското првенство.
Покрај него, во игра наводно е и Томас Тухел. Германецот беше принуден да го напушти Челзи по катастрофалниот почеток на сезоната и моментално е без клуб.