Connect with us

Други спортови

Откажан слаломот на Сљеме

Загреб се најде во неволја на почетокот на 2022 година.

Слаломската трка на Сљеме во рамките на Светскиот куп денеска и по вторпат беше откажана.

Трката вчера требаше да ја возат скијачите во слалом, но таа беше одложена за денеска поради топлото време кое не дозволи патеката да биде најдобро подготвена.

На Сљеме утрово паѓаше снег, зимски услови, но вчерашниот југ направи огромен проблем, па денеска и официјално беше откажан натпреварувањето откако се спуштија 19 скијачи.

Скијачите во вторникот ја извозеа својата слаломска трка која не беше во добри услови, но тогаш топлото време немаше силно влијание на патеката „Red Downhill“.

ФИС сега има задача да најде замена за загрепскиот слалом, кој беше откажан за прв пат по 14 години од машката трка или во 17 години откако најдобрите слаломски скијачи во светот се натпреваруваа на Сљеме.