Connect with us

Фудбал

Откриена е несекојдневната статистика за Лукаку во Серија А

Ромелу Лукаку е единствениот напаѓач на листата од 10 играчи во италијанскиот шампионат со најмногу освоени топки.

На листата се наоѓаат Бруно Алвеш (Парма) со 121, Самир (Удинезе) со 119 и Пезела (Фиорентина) со 113, додека ѕвездата на Интер е на седмото место со 95.

„Белгиецот е идеален играч за Антонио Конте“, изјави поранешниот напаѓач Пјерлуиџи Касираги за „Газета дело дело Спорт“.

„Лукаку е играч кој прави разлика со своето тело и е идеален напаѓач за играта што Конте ја сака, затоа што игра за тимот, се бори и се жртвува“.

“Лукаку е играч на кој му треба простор да нападне и да го изрази својот потенцијал. Во Серија А нема многу тимови кои ќе им дадат простор, сите добро се затвораат”.

“Сепак, не можеме да очекуваме Лукаку да измисли гол со магичен потег или да упати изненадувачки удар како што тоа можат да сторат напаѓачите на Јувентус. Тие се поспособни на помал простор”.