Connect with us

Фудбал

Откриена тајната на Жиру која ја чувал 11 години: Ви признавам денес, за прв пат во животот

Францускиот напаѓач Оливие Жиру со своите голови многу му помогна на Милан да седне на врвот во Серија А на три кола пред крајот и по долго време да се надева на Скудетото.

Искусниот напаѓач минатото лето дојде во Милан за само еден милион евра од Челзи, а во Серија А постигна дури девет гола на 26 натпревари и е еден од најдобрите стрелци на тимот кој моментално е лидер во Италија.

Жиру играше за Челзи, Арсенал, Монпелје… Постигна многу голови во кариерата, но многумина веруваат дека често е потценет и дека е класа која многупати неоправдано ја држеле на клупата.

Сега даде интересно интервју и откри дека носи очила од 2011 година и дека има големи проблеми со видот.

„Носам очила од 2011 година, еве признавам сега за прв пат во животот. Немав очила во мојата прва сезона со Монпеље. Отидов кај офталмолог кој ме праша како е можно да се постигнат голови со толку слаб вид, па ме советуваше да носам леќи. Смешно, бидејќи ја освоивме шампионската титула во втората сезона, а јас бев најдобар стрелец благодарение на офталмологот и неговите совети“, призна Жиру.

Тој зборуваше и за својата фризура по која е препознатлив.

“Моите соиграчи ме исмејуваат затоа што кога играм секогаш се шишам, дури и на крајот од натпреварот. Тајната е да ставам малку восок и лак на мокра коса. Понекогаш кога многу пати ја удирам топката со глава, фризурата е ужасна“, рече низ смеа.

Омилен десерт?

“Јадам тирамису секогаш кога одам во ресторан. Сакам така да ги завршувам вечерите. Баба ми одлично го правеше, а исто така сакам многу кафе. Ми требаат најмалку две наутро. Понекогаш ме потсетува дека Јас сум малку Италијанец“.

Сака часовници и автомобили.

„Наутро кога ќе се облечам, не можам без часовник, се чувствувам како да ми недостасува дел од мене кога немам при рака. Секогаш морам да имам часовник. Сакам да ги собирам нив, различни брендови, за мене тоа е вистинска инвестиција“.

“Автомобили? Ги сакам. Клучевите се секогаш со мене. Јас сум голем љубител на спортски автомобили и го сакам звукот на моторите. Тоа ми дава адреналин, како кога играм фудбал. Уживам во возењето, сакам автомобили, а јас имам БМВ М8 во Милано“, призна Французинот.