Фудбал
Откриени детали од договорот на Ливерпул и Баерн Минхен за Садио Мане
Сенегалскиот фудбалер Садио Мане ќе стане нов фудбалер на Баерн Минхен, откако неговиот поранешен клуб Ливерпул ја прифати понудата на Баварците од 41 милион евра.
Ливерпул ќе добие фиксни 32 милиони евра, плус девет милиони евра преку бонуси, објави Би-Би-Си.
Првите две понуди на Баерн беа одбиени од Ливерпул, пред да се прифати третата понуда.
Мане пристигна во Ливерпул од Саутемптон во 2016 година за 33,5 милиони фунти.
Заедно со напаѓачите Мохамед Салах и Роберт Фирмино, Мане беше составен дел од успесите на Ливерпул во претходните години.
Мане ја освои Лигата на шампионите во 2019 година со Ливерпул, а потоа и титулата во Англија следната сезона.
Сезонава 30-годишниот напаѓач со репрезентацијата на Сенегал го освои Африканскиот куп на нации, додека со Ливерпул го крена трофејот во ФА Купот и Лига Купот, додека во првенството и Лигата на шампионите заврши на второто место.
Сенегалецот ја заврши сезоната со 23 постигнати голови во сите натпреварувања.