Connect with us

Фудбал

Откриени сите причини: Роналдо ја бојкотира Лигата на нации

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ќе ги пропушти натпреварите за својот национален тим против Полска и Шкотска, кои се одиграат во четврток и недела.

Веќе е потврдено дека, веројатно најдобриот фудбалер на светот нема да игра за Португалија до крајот на годината, што значи дека нема да игра ни за реваншите со Полска и Италија. Тие натпревари се играат на 17 и 20 ноември во склопот на Лигата на нациите.

Роналдо без причина не одлучил да не ги игра овие натпревари, туку тоа го напреви поради бојкот кон УЕФА и нејзиното ново натпреварување Лига на нации кое ова година го има своето премиерно издание.

Ѕвездата на Јувентус наводно е лута на УЕФА поради неколку причини. Првата е тоа што не е избран за најдобар играч во Европа за ова година, а посебно му засмета црвениот картон кој го доби во Лигата на шампионите против Валенсија.

Кристијано Роналдо е свесен дека е најголемата фудбалска ѕвезда во Европа, па со своето непојавување на натпреварите од Лигата на нациите дирекно влијае на смалување на нејзината важност и популарност затоа што без него дефинитивно не е исто.

Сите овие причини не се официјално потврдени затоа што Роналдо не се огласил по тоа прашање, но сосема е јасно е дека оваа приказна и тоа како има смисла, посебно кога знаеме со каков жар Роналдо веќе долги години настапува за својата репрезентација.