Connect with us

Фудбал

Откриено триото кое води војна со Нико Ковач

Кој го минира Нико Ковач и кој ќе ја сноси одговорноста за побуната која е со цел да биде променет актуелниот тренер на германскиот гигант Баерн (М), се двете прашања кои веќе со недели доминираат во фудбалските медиуми.

Според пишувањата на угледниот германски магазин “Кикер”, конечно е позната опозицијата во соблекувалната. Матс Хумелс, Сандро Вагнер и Хамес Родригез, се прогласени како потенцијални “кртици” кои постојано ги откриваат пикатентериите од соблекувалната на Баерн (М). Триото е разочарано од минутажата која ја има во актуелната сезона и нивниот однос со хрватскиот стручњак е комплициран и проблематичен.

  • Се зборува дека има четри играчи кои се против мене. Но, никој не зборува за тие кои се на мојата страна. Ги има повеќе и тоа е доволно, изјави пред неколку денови Нико Ковач.

Ако се знае дека Хрватот ја има подршката од клупските челници и од ветераните како Ариен Робен и Франк Рибери, тогаш јасно е како ден дека Баерн (М) ќе се ослободи од триото за време на зимскиот преоден рок.