Connect with us

Фудбал

Ова е доказ дека сношти гледавме едно од нај досадните финалиња во историјата

Сношти, играчите на Ливерпул славеа со 2:0 против Тотенхем, и така стигнаа до шестата титула од Лигата на шампионите, во историјата на клубот.

Ливерпул стигнаа до новата титула на Лигата на шампионите по погодокот на Мохамед Салах од белата точка во 2. минута и Ориги пред крајот на натпреварот.

На натпреварот и двете екипи не покажаа многу добра игра, Ливерпул стигна до водство на почетокот од натпреварот, а Тотенхем имаа повеќе шанси но не успеаа да ја сместат топката во мрежата на Алисон Бекер, кој беше одличен.

Многу од навивачите ова финале го прогласиа како едно од нај досадните во Лигата на шампионите во овој формат, а можеби и еден од аргументите за ова е фактот дека судијата на синоќешната игра не покажа ни еден картон.