Фудбал
Ова е еден од најпаметните фудбалери, играше за Манчестер Јунајтед, ама по пензионирањето заработи огромно богатство
Некогаш славниот француски напаѓач и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Луис Саха, по завршувањето на својата играчка кариера создаде милијарди евра благодарение на голем деловен потфат.
Додека некои фудбалери брзо го расфрлаат целото богатство стекнато на фудбалските терени, Луис Саха паметно ги вложи своите пари и заработи цифра неспоредлива со онаа што ја имаше додека блескаше на терените ширум Европа.
Саха ја заврши кариерата во 2013 година и веднаш започна сопствен бизнис наречен AxisStars. Како што е официјално претставена компанијата, таа е „заедница која овозможува поврзување помеѓу професионални спортисти, забавувачи, нивните колеги и партнери“.
Во моментов, дури 550 спортисти ги користат неговите услуги. Тој остана во светот на спортот, а заедно со него во бизнисот се приклучија и поранешниот шеф на маркетинг во Манчестер Јунајтед Мајк Фарнан, технолошкиот директор Патрис Арнер и маркетинг експертот Кејт Хамер.
Како што објави MSN, бизнисот расте од 2013 година и во моментов достигна неверојатни 4,2 милијарди евра. Уште поимпресивно, моменталната проценета нето вредност на Луис Саха е 5,16 милијарди евра. Кога го започнал бизнисот истакнал дека би сакал да има таква поддршка додека бил млад фудбалер. Токму тоа го создаде.
„Посакувам да можев подобро да ја совладам работата кога играв. Сега сум во пензија и сè уште имам голема улога во споделувањето на искуството со младите играчи. Посакувам да имав ваква платформа како играч. Mи помогна да управувам со мојата кариера и многу подобро да планирам за иднината“, изјави Саха за неговиот старт-ап бизнис.
Во текот на кариерата, францускиот фудбалер постигна 159 гола на 492 настапи во сите натпреварувања. Тој е двократен шампион на Англија, а со Манчестер Јунајтед ја освои и Лигата на шампионите. За француската репрезентација одигра 20 натпревари.