Connect with us

Фудбал

Ова е понуда од Манчестер Јунајтед до Ериксен, Данецот веќе донел одлука

Манчестер Јунајтед има планови да го доведе данскиот играч за врска Кристијан Ериксен.

Ериксен ја оживеа својата кариера откако потпиша за Брентфорд, неколку месеци по трагедијата што го снајде на ЕП, кога се чинеше дека можеби повеќе нема да може да игра фудбал. Како што е веќе познато, поради вградениот дефибрилатор, Ериксен има ограничен број на лиги во кои може да игра, а најсилни секако се англиската Премиер лигаи холандската Ередивизија.

Данецот реши да се врати во Англија каде претходно настапуваше за Тотенхем и со одличните партии во Брентфорд веднаш им падна во очи на великаните во лигата. Манчестер Јунајтед изрази желба да го ангажира бидејќи тој ќе стане слободен.

Славниот клуб од Олд Трафорд му понудил едногодишен договор на данскиот репрезентативец со опција за продолжување на уште една година, а Дејли Мирор објави дека финансиските детали се „многу прифатливи“ и значително подобри од оние што му биле дадени од Брентфорд.

Сепак, Кристијан Ериксен веќе ја донел одлуката, бидејќи според The ​​Athletic, тој има желба да остане во Лондон и ја отфрла можноста да се пресели во Манчестер.

Но, нема сомнеж дека Манчестер ќе направи се за да го убеди да се пресели, особено поради Ерик тен Хаг, одличен тренер кој неодамна дојде и има своја листа со желби, а одлично го познава Ериксен.

Тен Хаг сака двајца поранешни играчи на Ајакс во средниот ред. Едната желба е Ериксен, а другата главна е Френки де Јонг од Барселона. За Данецот нема обештетување, додека во случајот со Де Јонг, Јунајтед би требало да инкасира десетици милиони евра, во зависност од тоа што сакаат Каталонците.