Connect with us

Фудбал

Ова го чекаат со месеци: Од Англија пристигнуваат фантастични вести за Барселона

Филипе Кутињо одлучи да ја напушти Барселона во јануари и кариерата да ја продолжи во Астон Вила.

Бразилецот едноставно не се вклопи во играта на каталонскиот клуб каде беше доведен како огромно засилување од Ливерпул во 2018 година, но не успеа да ги оправда очекувањата во Барселона.

По бледото издание во првата полусезона, тој во јануари реши да ја напушти Барселона и да замине во Астон Вила каде Кутињо ќе игра на позајмица до крајот на оваа сезона.

Кутињо одлично започна во Астон Вила бидејќи успеа да постигне два гола и да забележи две асистенции на три натпревари и ги воодушеви навивачите на англискиот клуб со своите игри.

Се чини дека и челниците на Астон Вила се презадоволни од неговите игри, бидејќи веќе сериозно размислуваат да го откупат договорот на Кутинсњо на крајот од оваа сезона. Барселона одреди цена од 40 милиони евра и Астон Вила ќе има предност да го купи Бразилецот на лето.

Сепак, челниците на Астон Вила сакаат да се обидат да ја намалат цената на Кутињо и веќе стапиле во контакт со Барселона и им кажале дека се подготвени да го купат овој играч, но за 30 милиони евра.

Бразилецот едноставно не се вклопи во играта на каталонскиот клуб каде беше доведен како огромно засилување од Ливерпул во 2018 година, но не успеа да ги оправда очекувањата во Барселона.