Connect with us

Фудбал

Ова навистина не му требаше, погледнете што направи Халанд на дербито со Арсенал (ВИДЕО)

Се уште не стивнува бурата околу натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Арсенал кој се одигра викендов во англиската Премиер лига.


Средбата на „Етихад“ заврши со резултат 2:2, а по гол во 90+8. минута за конечниот резултат се случи ситуација која не ја гледаме често на терените. Кога Џон Стоунс постигна гол за 2:2, Ерлинг Халанд истрча кон топката во голот, а потоа со неа во глава го удри дефанзивецот на Арсенал, Габриел, кој во тој момент си го покри лицето со дресот.

Но, она што е пошокантно е што Халанд помина без никаква казна за тој неспортски гест. Главниот судија Мајкл Оливер не реагираше, ниту пак ВАР собата, а денеска беше потврдено дека Халанд нема да добие казна откако ќе се прегледа снимката.