Поврзи се со нас

Фудбал

Ова се групите за новата сезона во Лигата на шампионите

Денес во Нион се одржа ждрепката по групи за новата сезона во Лигата на шампионите.

Новата сезона во Лигата на шампионите започнува на 20 октомври, а титулата ќе ја брани тимот на Баерн. Баварците ја освоија Европа минатата сезона, и секако се едни од фаворитите во новата сезона.

Извлекувањето на групите традиционално се одржа во Нион и ни донесе навистина фантастични групи.

Група А : Баерн, Атлетико Мадрид, Салцбург, Локомотив Москва.

Група Б : Реал Мадрид, Шахтјор, Интер, Борусија Менхенгладбах.

Група Ц : Порто, Манчестер Сити, Олимпијакос, Марсеј.

Група Д : Ливерпул, Ајакс, Аталанта, Митјиланд.

Група Е : Севиља, Челси, Краснодар, Рен.

Група Ф : Зенит, Борусија Дортмунд, Лацио, Клуб Бриж.

Група Г : Јувентус, Барселона, Динамо Киев, Ференцварош.

Група Х : ПСЖ, Манчестер Јунајтед, Лајпциг, Башакшехир.

Advertisement

Facebook

Реклама